Трговската размена близу 7 милијарди долари

Bez autora
Oct 07 2012

Трговската размена на Македонија со странство од јануари до август годинава изнесува 6.758.921.000 американски долари, од што 2.582.385.000 е вредноста на извозот, а 4.176.536.000 долари е вредноста на увозот на стоки. Покриеноста на увозот со извоз е 61,8 отсто. Трговскиот дефицит изнесува 1.594.151.000 американски долари. Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, преработките од нафта, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија. Најмногу се извезувале стоки кон земјите-членки на ЕУ - 62,7% и земјите од Западен Балкан - 24,3%. Увозот, исто така, е најголем од земјите од ЕУ - 58,9% и земјите во развој - 22,4%.

Трговската размена близу 7 милијарди долариТрговската размена на Македонија со странство од јануари до август годинава изнесува 6.758.921.000 американски долари, од што 2.582.385.000 е вредноста на извозот, а 4.176.536.000 долари е вредноста на увозот на стоки.

Покриеноста на увозот со извоз е 61,8 отсто. Трговскиот дефицит изнесува 1.594.151.000 американски долари, објави Државниот завод за статистика.

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, преработките од нафта, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Најмногу се извезувале стоки кон земјите-членки на ЕУ - 62,7% и земјите од Западен Балкан - 24,3%. Увозот, исто така, е најголем од земјите од ЕУ - 58,9% и земјите во развој - 22,4%.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија на кои отпаѓа 47% од вкупната размена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik